ЕВН го презеде управувањето со малите хидроцентрали

Bez autora
Feb 03 2013

ЕВН-Македонија го презеде управувањето со седумте мали хидроцентрали кои од 2002 година беа под концесија на чешки "Хидропол". Во текот на овие 11 години ЕВН и "Хидропол" ги реконструираа, модернизираа и техничко-технолошки ги надградија малите хидроцентрали Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица и Зрновци. Покрај овие седум мали централи, во сопственост на ЕВН-Македонија се и хидроцентралите "Попова Шапка", "Бабуна", "Белица" и "Турија", кои исто така се целосно ревитализирани, автоматизирани и технолошки компитабилни. Вкупната инсталирана моќ на сите 11 мали хидроцентрали изнесува 47 мегават/часови, што претставува зголемување за 10%, освен кај ХЕЦ "Матка" каде моќноста е двојно зголемена со изградбата на целосно нова хидроелектрична централа. Просечното годишно производство изнесува 130 гигават-часови електрична енергија.

ЕВН го презеде управувањето со малите хидроцентралиЕВН-Македонија го презеде управувањето со седумте мали хидроцентрали кои од 2002 година беа под концесија на чешки "Хидропол".

Во текот на овие 11 години ЕВН и "Хидропол" ги реконструираа, модернизираа и техничко-технолошки ги надградија малите хидроцентрали Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица и Зрновци.

Покрај овие седум мали централи, во сопственост на ЕВН-Македонија се и хидроцентралите "Попова Шапка", "Бабуна", "Белица" и "Турија", кои исто така се целосно ревитализирани, автоматизирани и технолошки компитабилни. Вкупната инсталирана моќ на сите 11 мали хидроцентрали изнесува 47 мегават/часови, што претставува зголемување за 10%, освен кај ХЕЦ "Матка" каде моќноста е двојно зголемена со изградбата на целосно нова хидроелектрична централа. Просечното годишно производство изнесува 130 гигават-часови електрична енергија.

Од ЕВН-Македонија најавуваат дека започнува серијалот на едукативни емисии со наслов "Енергетска азбука" во која ќе се информира публиката за сите теми поврзани со енергетиката, со посебен акцент на енергетската ефикасност. Водител е актерот Зоран Љутков кој во овој серијал одблиску ќе ги посетува енергетските постројки и ќе ги промовира причините и начините за разумно користење на електричната енергија. Емисијата ќе има и интерактивен карактер, гледачите ќе можат преку специјално креирана страница на Фејсбук да го тестираат своето знаење стекнато преку емисијата каде ќе ги чекаат и нови изненадувања.

Емитувањето е секоја втора сабота, на првата програма на Македонската радио телевизија во 13:30 часот. Репризата е во недела во 17:35 часот. На МТВ 2 емисијата ќе се емитува со превод на албански јазик, а премиерата е исто така во сабота во 19:10 часот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik